Со првите поообемни врнежи на снег, Општина Карпош ја ангажираше фирмата „Анизор” задолжена за одржување на сообраќајници и патишта во зимски услови на територија на локалната самоуправа. Од синоќа, фирмата, со три возила (со два камиона опремени со „нож” и фрлач на сол, како и со „Крамер” – специјално возило за расчистување на помали и тешко пристапни улици), непрекинато работат на расчистување на снегот.

Досега е интервенирано, односно снегот се чистеше и улиците се посипуваа со сол, на патот за Горно Нерези, на ул. Трнодол за населбата Трнодол, на ул. Жданец за населбата Жданец, на ул. Ловќенска бр. 4 и 9, и во населбата Бардовци на ул. 4 и 6. Инаку, во последните 14 часа расчистени се повеќе улици во Карпош 1 и Карпош 2 (кај Полициската станица и кај Машински факултет), во Карпош 3 и Карпош 4. Се расчистуваа и улиците во Влае 1 (се до Кејот на Вардар, до клиниката Неуромедика), во Влае 2, како и во Тафталиџе 1 и 2.

Освен со механизација, улиците и пешачките патеки во Карпош се расчистуваат и рачно, од страна на работниците од локалната самоуправа задолжени за комуналната хигиена, кои чистат пред градинките, училиштата и поважните институции. Екипите на Општина Карпош ќе бидат постојано на терен, додека траат снежните врнежи.