КАРПОШ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД ХЕРОИТЕ КОИ ГО ОСЛОБОДИЈА СКОПЈЕ
- ноември 13, 2026
- 0
По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Сотир Лукровски, положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје, оддавајќи им почит на борците кои ги положија своите животи за слободата на главниот град.
Со овој чин, Општина Карпош се приклучи кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, потсетувајќи на храброста, пожртвуваноста и непокорот на учесниците во Народноослободителната борба. Овој значаен ден претставува траен симбол на слободата и историската меморија, но и потсетник за обврската на идните генерации да ги чуваат и негуваат вредностите на мирот, слободата и солидарноста. Нека е честит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје!





























