Делегација од Општина Карпош, предводена од Благојче Атанасоски, Ирена Калајџиева- Милевска и Лазар Дуковски денеска положи свежо цвеќе на споменикот подигнат во чест на формирањето на првиот скопски партизански одред на бул. Илинден.

По повик на Комунистичката партија на Југославија на 22 август 1941 година, партизанските востаници, го формирале скопскиот одред за борба против германскиот и бугарскиот фашистички окупатор. Партизанската борба, резултирала со формирање на македонска држава три години подоцна, на 2 август во 1944 година. Локалната самоуправа секоја година, достојно го одбележува овој исклучително значаен историски датум од антифашистичката борба на македонскиот народ.