Општина Карпош се приклучува кон граѓанската акција за чистење на дворот на студентскиот дом “Гоце Делчев”, во недела (07.10.2018 година), со почеток во 16:00 часот. Во акцијата ќе се вклучат комуналните служби на Општината, со соодветна опрема и механизација за полесно отстранување на отпадот.

 Општина Карпош стапи во контакт и со Државниот студентски центар, со цел да се известат вработените во студентскиот дом и сите студенти за еко – акцијата. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани и општествено одговорни субјекти да ни се приклучат во акцијата и да дадат свој придонес.