Петчлена делгација од Општина Карпош беше во официјална посета на збратимената општина Флори сир Орн од Долна Нормандија, по повод одбележувањето на 100 години од преименувањето на оваа општина во Франција од Алемањ во Флори сир Орн.

                        Македонската делегација, заедно со делегациите од збратимените градови на Флори, од Сенегал и од Баварија-Германија, беа дел од прославата која ја организираше домаќинот, Советот на овој град и општинското раководство предводено од градоначалникот Марк Лекерф.

При посетата, делегацијата од Карпош на домаќините им го честиташе овој голем јубилеј со специјално снимена видео порака од градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски во рамки на краткометражниот филм којшто го сними општинската администрација во соработка со учениците од територијата на Карпош, кои учат во франкофонските паралелки во основните училишта од територијата на локалната самоуправа. Освен тоа, како посебен подарок на денот на прославата, познатиот академски уметник од Карпош, Милан Андов изработи тематска слика „Бранот на слободата“ од историското истоварување на сојузничките трупи на брегот на Нормандија за време на Втората светска војна, како еден од конечните удари на Тројната оска, која остана во трајна сопственост на општината Флори сир Орн.

Во рамки на работната средба за унапредување на меѓусебната соработка беше договорено следната година, еден тим од ученици од франкфонските паралелки од Карпош да бидат гости на образовниот и културен камп кој ќе го организира оваа збратимена француска општина. Во рамки на него нашите ученици ќе имаат можност да се стекнат со знаења за културата и обичаите на Франција и нејзините збратимени општини ширум светот, а воедно да ги пренесат и знаењата за македонските културни традиции, се со цел да се отвори патот за нови пријателства, зближување и соработка.

Делегацијата на Општина Карпош предводена од Роберт Јанковски, еден од потписниците на збратимувањето на Карпош со Флори сир Орн, во името на градоначалникот Јакимовски, упати официјална покана до градоначалникот Марк Лекерф да бидат гости на одбележувањето на 40 годишнината од основањето на Општина Карпош, на 3 ноември годинава

линк од посетата : http://fleurysurorne.fr/delegation-de-karpos-macedoine-arrivee/