Општина Карпош ги потсетува сите граѓани на правилно и совесно одложување на отпадот од своите домаќинствата.

Имено, задолжително треба домашниот отпад да се одложува во големите контејнери кои ги поставува и подига ЈП „Комунална хигиена“ Скопје. Доколку постои потреба од поставување на дополнителни контејнери, заедниците на сопственици (куќни совети) потребно е да испратат барање до ова јавно комунално претпријатие.

Кабастиот отпад (застарениот мебел), пак, може да се одложи во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“, позади бензиската станица „Макпетрол“, во должина на бул. „Илинден“ (близу до СЦ „Борис Трајковски). Исто така, на телефонската линија 0800 – 222 – 33 може да се договори транспорт на кабастиот отпад од домаќинството до оваа претоварна станица.

Електричниот и електронскиот отпад (апарати, батерии и акумулатори) може да се подигне бесплатно од домаќинството со пријава на 070 – 236 – 000.

Исто така, ги известуваме граѓаните дека активни се и броевите за пријава на диви депонии (078 – 421 – 954) и оган на отворено (193).

Сите сме одговорни за правилно одложување на отпадот и чист Карпош.