Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска во својот кабинет одржа координативен состанок со директорките на сите десет основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.

На работниот состанок се говореше за фактичката состојба во училиштата, се констатираа санитарно-хигиенските услови и се утврди состојбата со техничкиот и образовниот персонал, со цел успешен почеток на новата учебна година која започнува на 4 септември, идната недела.