Во урбаната заедница „Кузман Јосифовски – Питу“, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, денеска одржа координативен состанок со претставници на сите 14 урбани заедници на територијата на локалната самоуправа.

  Првиот човек на Општината, на редовниот состанок  ги слушаше барањата на граѓаните, доставени до претставниците на урбаните заедници, каде  се нудеа решенија.  Градоначалникот  Јакимовски изрази задоволство од досегашната динамика на реализирани проекти во сите 14 урбани заедници,  и истакна дека во некои  урбани заедници, сите предлози  на граѓаните за решавање на нивните проблеми  од  локален карактер се  целосно  исполнети.  Општинскиот татко ги напомена  досегашните  градежни активности,  кои ги презема локалната самоуправа како што се: менување на нови покриви на колективните станбени и индивидуални објекти, поставување на нови енергетско-ефикасни фасади и  менување на старите лифтови.