Со положување на свежо цвеќе и средба со претставници од Сојузот на борци, Општина Карпош ја одбележа 77 годишнината од смртта на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу.

 

На спомен – обележјето во Козле, делегација предводена од градоначалникот Стефан Богоев и советниците Филип Даскаловски и Емилија Ризеска – Спасова оддаде почит на Кузман, кој беше еден од главните организатори на антифашистичкото движење и на Народно – ослободителната борба (НОБ) во Македонија.

 

Тој е убиен од бугарскиот фашистички окупатор на 25 – ти февруари, 1944 година во близина на поранешната фабрика „Алумина“ (од чија спротива е лоциран денешниот споменик), при обидот да го напушти главниот град.

 

Пред споменикот, свежо цвеќе положија и претставници од Сојузот на борци, здруженија на граѓани и политички партии. Денешниот настан се одржа со намален број на учесници и со почитување на мерките за заштита од КОВИД – 19.

 

Општина Карпош продолжува да го негува споменот на народните херои од НОБ, како еден од најсветлите периоди од македонската историја.

 

Народните херои се изборија за нашата слобода, за нашата држава. А, денес, наша обврска е со пиетет да се однесуваме кон НОБ, но и да се грижиме за спомен – обележјата од тој период кои долги години делуваа запуштено.