По  повод  Деновите на Општина Карпош, во пресрет на 40 годишнината од формирањето на локалната самоуправа, во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита,  општинска администрација од  Општината, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, беше во посета пензионерскиот дом  ,,Мајка Тереза“.

Штитениците на пензионерскиот дом, му подарија рачно изработен подарок на градоначалникот Јакимовски, изразувајќи голема благодарснот до него, што секоја година ги посетува и одвојува време за нив. Првиот човек на Општината, нагласи дека  локалната самоуправа, освен што има надлежности и обврска да реконструира и асфалтира улици, да реновира и гради основни училишта и градинки, да гради паркови и плоштади, има и обврска да се грижи за сите свои жители, кои  припаѓаат на различни категории.

 

–                    Општина Карпош е позната како општествено одговорна општина,  која се грижи за своите граѓани. Секој пат помагаме и издвојуваме средства за поддршка на талентирани спортисти, ученици, па и наши граѓани на кои им треба финансиска поддршка за промоција на своја книга, изложба итн. Овој пат, со подарување на пакети во кои има  кондиторски производи, изразуваме една наша мала и скромна почит кон нашите сограѓани од третото доба, истакна општинскиот татко Стевчо Јакимовски.

 

 

Најмладите карпошани, од градинката ,,Мајски Цвет’’,  со танци и песни ги забавуваа присутните гости на овој настан,  кои уживаа во приредбата на дечињата.