По повод 21 март, Денот на општина Травник, Босна и Херцеговина,  делегација на Општина Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот Сашо Лазаровски, отпатува во официјална посета на оваа збратимена општина на Карпош.

                        По тој повод, на свечената академија, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу општините Травник и  Карпош, во кој се зацртани правците за идната соработка меѓу двете локални власти.

                        Потписници на Меморандумот се градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и началникот на Травник Адмир Хаџиемриќ.