Денеска,  вторник (18.10.2016 година), со почеток во 12 часот, во Драмскиот театар, ќе се одржи традиционалната манифестација „Карпош има талент“, која оваа година ќе биде во пресрет на 40 годишниот јубилеен роденден на Општина Карпош.

 На манифестацијата, петта по ред ќе се натпреваруваат најталентираните ученици, од сите десет училишта од Општина Карпош кои ќе се претстават во музички, инструментални и драмски изведби.