Улицата Јуриј Гагарин бр.6 во населба Козле, се наоѓа во фаза на подготовки пред целосна реконструкција. Ќе се интервенира по целата должина на улицата од 350 метри и истата ќе биде проширена според новите пропишани стандарди.

Имено, коловозот ќе биде широк шест метри, со тротоари од обете странисо широчина од метар и половина.

 

Општина Карпош, за асфалтирање на улицата Јуриј Гагарин бр.6 од својот буџет обезбеди 4.449.962 денари. Изведувач на градежните работи е фирмата „Ескаватори-МК“, а надзорен орган е фирмата „Урбан Стил Инженеринг“.

 

Во рамки на улицата, се предвидува и ново партерно уредување, вклучувајќи нови клупи и современо осветлување. За партерното уредување, локалната самоуправа издвои 3.753.068 денари. Изведувач е фирмата „СМ Компани“, а за надзорот ќе биде одговорна фирмата „Карапанчевски Компани“.