Општина Карпош како водечка општина во енергетската ефикасност,  активно се вклучи во тридневниот настан на УНДП, Министерството за животна средина и просторно планирање и Идеалаб, којшто се одржува под слоганот #ВозможноЕ.  Раководителот на Одделението за енергетска ефикасност Љупчо Димов го претстави активностите кои ги презема локалната власт за помала потрошувачка на енергија и помали емисии на стакленички гасови и новите идеи што ги има општината на овој план.

Главната цел на овој настан е да се изгради политичка волја, национална свест и ангажман за зеленото закрепнување од пандемијата која сосема го смени вообичаениот живот, како и да се истакне улогата на приватниот сектор кој учествува со 85% во вкупните инвестиции потребни за реализација на планираните климатски активности. Тоа практично значи координиран придонес за подобрено  усвојување и спроведување на национално утврдените приоритети преку дијалози со клучните национални чинители (креатори на политики, донатори, приватен сектор, академска заедница, младински организации, мрежа на практичари за климатски промени).