И денес (сабота, 13.08.2016 година), 65 вработени од Општина Карпош, предводени од градоначалникот Стевчо Јакимовски и со два камиони-кипери, засилено работата на расчистување на теренот и куќите во поплавените подрачја во Општина Гази Баба. Прва во помош прискокна Единицата за заштита и спасување на Општина Карпош, која од вторникот до четвртокот работеше со 20 члена екипа.

 Вчера, петок, на помош кај поплавените беа 70 вработени од Општина Карпош, а денес продолжуваат 65-ина административци со копачи, лопати и друга опрема, се со цел да им помогнат на поплавените.

Инаку Општина Карпош донираше и хуманитарна помош во храна, вода и средства за хигиена во 40 куќи во населбата Економија.