Вчерашната конференција  за печат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, пред Општина Карпош, за „фамозните“ 450 метри квадратни  покривен лим кои Општина Карпош ги донираше на ЈП “ Јасен,,  беше повод  денеска градоначалникот на Општина Карпош да  даде изјава пред медиумите.

Општинскиот татко Јакимовски истакна дека Општина Карпош како општествено одговорна општина, преку Советот на локалната самоуправа го одобрила барањето на директорот на ЈП “ Јасен,, за донацијата на покривниот лим.

 

 

 

 

 

–                    Пред јавноста нагласувам дека станува збор за објекти кои во случај на воена или вонредна состојба раководството на Градот Скопје, како и раководствата на општините кои се наоѓаат под ,, капата“ на Градот , ќе бидат евакуирани во овие објекти. Практично, освен општествениот интерес, Општина Карпош има и директен интерес материјално да помогне на ова претпријатие.

 

 

 

Понатаму, градоначалникот  Јакимовски пред новинарите, истакна дека лично бил во воените објекти кои се наоѓаат во државите кои произлегуваат од поранешна Југославија, и дека сите објекти денес се наоѓаат во својата првобитна состојба, односно дека државните и локалните власти се грижат за овие објекти.

 

 

 

–                    На седницата на Советот на Општина Карпош на која беше одобрена оваа одлука, сите советници од редовите на ВМРО- ДПМЕ и ГРОМ гласаа потврдно, два советници од редовите на СДСМ исто така ја одобрија оваа донација, четири беа воздржани, додека три беа против, и просто сум зачуден од каде сега тие како политичка партија реагирааат на оваа наша донација како локална самоуправа, дециден беше првиот човек на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

 

 

 

Градоначалникот Јакимовски исто така изгрази вчудоневиденост од однесувањето на новата министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, која лично се јавила да реагира кај директорот на ЈП „ Јасен“ Оливер Андонов. Дополнително зачудува како тоа новата министерка за одбрана  не е запознена со функцијата на ова наше јавно претпријатие.

 

 

 

–                    На крајот, целата оваа донација од вкупно 450 метри  квадратни покривен лим, чини некаде околу 2.500 евра, што значи  речиси половина колку што изнесува киријата која госпоѓата министерка, ја наплаќала од изнајмување на својот стан, токму тука во Општина Карпош.