Поттикнати од активностите на Општина Карпош, која континуирано го надоместува изгубеното зеленило на своја територија, Меѓународната асоцијација „Lions District 132 Македонија“, денеска засади 15 зимзелени дрвја, на ул. „Новопроектирана“, во близина на болницата „Жан Митрев“.

Со оваа иницијатива дополнително се облагороди и раззелени просторот, кој практично претставува граница меѓу населбите Карпош 2 и Карпош 3.

Утринава, во неформален разговор со градоначалникот Стефан Богоев, членовите на „Lions“ разменија мислења и за другите активности кои Општината ги презема по повод заштита на животната средина. Во изминатиот период, локалната самоуправа засади ново зеленило и дрвја околу ТЦ „Лептокарија“ (Карпош 3), Тафталиџе 2, Нерези, Влае 2 и Криви Дол.

Исто така, во тек е набавка на две цистерни за миење на улици, со што значително ќе се подигне нивото на хигиена во населбите. Општината спроведува и информативна кампања за правилно одлагање на џебниот, комуналниот, кабастиот, електричниот и електронскиот отпад. (За подетални информации, посетете го следниов линк:  https://bit.ly/2svpcGD ).