Здружението на слепи и лица со оштетен вид, со кафе дружење, завчера, наполни 70 години од своето постоење. По тој повод, на покана од Здружението, помошник раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес, Гордана Стојчевска Зафировска, присуствуваше на овој важен ден за лицата кои секојдневно живеат во темнина, но сепак не се чуствуваат различни од другите.

Во текот на оваа година предвидени се голем број активности  кои ќе го одбележат 70 годишниот јубилеј на Здружението за слепи и лица со оштетен вид под мотото „10 минути во светот на темнината“.

Општина Карпош преку Одделението за социјална, детска и здравствена заштита, ги поздравува ваквите активности за оваа група граѓани, и им пружа помош и поддршка во секојдневието, како една од најхуманите Општини во Република Македонија.