Во еко – училницата на основното училиште „Вера Циривири – Трена“, во Карпош 2, денеска беа доделени признанијата на првенците на генерација од сите десет основни училишта во Карпош. Локалната самоуправа доделува по 10.000 денари на секој ученик – првенец од своето училиште, со што се наградува одличниот успех и постигнати резултати, но и ги мотивира за натамошна креативност и успеси.

 

Признанијата ги додели градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, кој на младите им посака успешен упис во средните училишта и уште многу успеси во понатамошниот тек од животот.

 

  • Oвае личен успех за вас, но и големо задоволство за вашите родители, затоа што децата се „огледало“ на родителите. Ова е успех и за вашите наставници, училиштетои за нас како општина.Продолжете да бидете најдобри, но не дозволувајте да бидете под притисок и ова достигнување да ви претставува товар. Грешките и неуспесите се дел од нашето секојдневие. Не е страшно и да добиете пониска оценка, но важно е таа да биде ваша, реална и заслужена.Не е страшен и неуспехот, само треба да си дадете време, да работите и да не се откажувате, рече Богоев.

 

Учениците споделија свои највпечатливи моменти од основното образование, а го кажаа и нивниот избор за средно образование. Најголем дел од нив ќе продолжат во гимназиите на територија на Карпош, пред се во „Орце Николов“ и „Георги Димитров“.

 

Градоначалникот Богоев им порача да веруваат во себе и никогаш да не ги демотивира фактот дека се млади, затоа што знаењето, постигнатите резултатите и желбата за работа не може никој да ни ги одземе.

 

ЛИСТА НА УЧЕНИЦИ – ПРВЕНЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈА:

 

  1. Клара Накова- ООУ „Аврам Писевски“
  2. Горазд Темелковски- ООУ „Јан Амос Коменски“
  3. Дора Данилова- ООУ „Петар Поп Арсов“
  4. Лука Митев – ООУ „Братство“
  5. Ива Шумковска- ООУ „Лазо Трповски“
  6. Максим Неделкоски- ООУ „Вера Циривири – Трена“
  7. Бојана Кралевска – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“
  8. Петар Јаневски – ООУ „Владо Тасевски“
  9. Маша Блажева – ООУ „Димо Хаџи Димов“
  10. Ана Младенова ООУ „Војдан Чернодрински“