Кабастиот отпад (застарен мебел, електричен и електронски отпад) граѓаните можат да го одложат во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во Карпош 3, долж булеварот „Илинден“, позади бензинската станица „Макпетрол“.

Овој пункт работи од 07:30 до 19:00 часот, секој ден и оваа услуга е без паричен надомест.

 

Кога станува збор за транспорт на кабастиот отпад и негово подигнување од домаќинството, граѓаните можат да контактираат со јавното претпријатие на 0800-222-33. Оваа услуга се наплаќа.

 

Општина Карпош ги потсетува сите граѓани, правилно и совесно да го одложуваат кабастиот отпад и истиот да не го фрлаат околу контејнерите за комунален отпад.

 

Комуналните служби на општина Карпош се во координација со ЈП „Комунална хигиена“ за да се спроведе и викенд – акција за подигнување на кабаст отпад. Намерата е да се постават поголеми контејнери на повеќе локации во населбите.

 

Сите сме одговорни за чиста општина и заштита на животната средина. Сите информации и контакти во врска со одложувањето на отпадот се поставени на веб страната: https://bit.ly/3doq5py .