Од 24-ти до 26-ти август оваа година, Општина Карпош, по единсесетти пат, ќе ја организира традиционалната културна манифестација Карпошово лето 2018.

На платото во ТЦ Лептокарија граѓаните ќе имаат можност да уживаат во различна и богата програма наменета за сите генерации.

 

Новата енергија и новиот дух во Карпош се чувствува од секој аспект. Од оваа причина, се решивме да им дадеме поголем простор на домашните изведувачи и артисти кои импонираат со својот талент, музикалност и мултимедијалност.

 

Тридневната културна манифестација ќе ја води нашиот познат актер, Сашко Коцев, а, карпошани ќе може да уживаат во звуците на македонската поп и рок музика, етно мелосот, како и во програмата наменета за најмладите генерации предводена од „Златните славејчиња“ и Петко 5+ бендот, кои претставуваат белег на урбаното и модерно Скопје.

 

24.08 – ПЕТОК:
– 19:30 часот, настап на децата учесници на детскиот фестивал Златно славејче;
– 20:15 часот, настап на Дарио Панковски;
– 21:10 часот, настап на групата Нон Стоп;
– 22:00 часот, настап на Кристина Арнаудова.

25.08 – САБОТА:
– 19:30 часот, забава за најмладите со фамилијата на Петко 5+;
– 20:30 часот, Гуру Харе и пријателите: Игор Џамбазов, Дани, Тања Тас, Дамир Имери – клавијатура, Трајче Велков – труба.

26.08 – НЕДЕЛА:
– 20:45 часот, настап на фолклорно студио ЕТНОС;
– 21:00 настап, Чалгија саунд систем;
– 22:00 часот, Златко Ориѓански и Бени Шаќири.

 

Ги повикуваме сите граѓаните и медиумски претставници да ни се придружат на оваа манифестација и заеднички да го заокружиме летото.