Учениците од ООУ „Вера Циривири Трена“ го освоија првото место на ниво на Град Скопје, на регионалниот театарски натпревар, кој се одржа минатиот четврток (24.03.2016), во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Младите актери се претставија со драмата „Не се дише – се угушивме“, како дел од проектот „Едукација за значењето на енергијата, начинот на производство и употреба преку теорија и пракса“. Оваа еколошка иницијатива, е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, во реализација на Здружението за заштита на животната средина, Еко Логик.

Карпошани, со својата 20 минутна театарска изведба, ги освоија симпатиите на стручното жири и се стекнаа со награди, реквизит за паркирање на велосипеди и едукативни еко-игри.