Центарот за климатски промени од Гевгелија, во соработка со Општина Карпош, ќе постави еден паркинг за велосипеди (вело остров),  за кој, граѓаните преку анкета ќе одлучат за неговата локација.

Оваа заедничка активност се спроведува во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина“. Со цел, одбирање на најдобрата локација за поставување на паркингот за велосипеди, апелираме до карпошани да  го пополнат анкетниот прашалник, на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/D99QC7R