На вчерашната вечер на „Карпошовото културно лето“, свој музички концерт
одржа долгогодишниот музичар и кантавтор Јаков Дренковски.

Пред присутната публика на платото во Т Ц „ Лептокарија“ , со придружниот бенд, музичкиот ас ги
претстави своите хитови од подалечното минато. Познатата нумера „ Скитник“, „
Midnight Cowboy“, како и многу други хитови, беа дел од репертоарот на познатиот
музички артист оваа вечер, на летната културна манифестација. Помладите
карпошани, како и тие од повозрасните генерации уживаа во музичката претстава
на искусниот музичар.