Кошаркарската училишна екипа на Општина Карпош на денешниот финален дуел одигран во спортската сала„Независна Македонија“  беше поразена со 58:46 од екипата на Општина Кисела Вода.

Поголема подршка и мотивираност во решавачките моменти имаа домаќините на овој турнир и покрај неизвесноста во текот на целиот натпревар каде екипите беа израмнеио во поголемиот дел од мечот. На победниците заедно со освојувачите на второто и третото место им беа доделени пехари и дипломи за учество.

Идната недела, исто во рамки на манифестацијата Денови на Општина Кисела Вода ќе се одиграат одбојкарските натпревари за девојчиња(9 и 10 мај) и фудбал за момчиња(11 и 12 мај).