Утре ( 24.03.2018), сабота и задутре ( 25.03.2018), од 09:00 до 13:00 часот,  пред 12 поголеми супермаркети на територијата на Општина Карпош, ќе се одвива хуманитарна акција под мотото „ Подај рака, донирај за твојот сосед“. Оваа хумана  акција, во пресрет на Велигденските празници, традиционално ќе се одржи, се со цел да им се помогне на социјално ранливите категории граѓани-жители на Општина Карпош. 

Карпошани ќе можат да донираат за своите соседи ( конзервирана храна, средства за лична хигиена, кондиторски производи), и на тој начин да им помогнат на оние на кои им е најпотребно. По тој повод, утре сабота (24.03.2018) градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев пред маркетот „ Веро 2“ во населбата Тафталиџе 1 во 11 часот ќе донира за своите сограѓани пакет производи, и ќе даде изјава за медиумите.