Денешното финале во мал фудбал кое се одигра во спортската сала „Независна Македонија“ го одбележа и крајот на училишните спортските натпревари, кои се одржаа по повод Денови на  Општина Кисела Вода. Во рамки на финалниот фудбалски меч, основците од Општина Карпош ги совладаа своите сопернници од Гази Баба со резултат 3:1. Притоа, карпошанецот Админ Абдула од ООУ „Братство“ беше прогласен за MVP (најкорисен играч) на фудбалските натпревари кои се одржаа против екипите од Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.

Пред два дена, одбојкарките од Карпош во финалето беа поразени со 2:0 во сетови од основките од Аеродром, со што мораа да се задоволат со втората позиција во ова натпреварување. Сребро освоија и младите кошаркари од Карпош, кои во финалето беа совладани од домаќините од Кисела Вода со резултат 58:46.

Училишните екипи на Општина Карпош севкупно покажаа одлична борбеност на спортските натпревари во Кисела Вода, каде преку пожртвувана игра и беспрекорен карактер во сите спортови, го истакнаа натпреварувачкиот дух кој го носат во себе.