Денеска, на интернационално ниво се одбележува Денот за возење на велосипед во зима, (Winter Bike to Work Day). По тој повод, Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со претседателот на Советот, Андреј Манолев и советникот Владимир Кроневски, се приклучија на оваа активност и на работното место пристигнаа со својот велосипед.

 

Во таа насока, Општина Карпош ги повика сите граѓани, карпошани да дојдат до своето работно место, училиште или факултет, со велосипед.

 

Целта на оваа глобална иницијатива е да се подигне јавната свест за зголемено користење на велосипедот како превозно средство. Во време кога сме соочени со големо загадување на амбиенталниот воздух, велосипедот треба да биде замена за моторните возила.

 

Затоа и Општина Карпош, оваа година започнува да субвенционира купување на нови велосипеди. Поголемата достапност на ова превозно средство овозможува повеќе граѓани да го користат велосипедот и на директен начин да придонесат во намалување на загадувањето.

 

Ги повикуваме сите карпошани кои се придружија на денешната синхронизирана акција, да споделуваат содржини на социјалните мрежи со следнив ехаштагови:

#WinterBikeToWorkDay, #WinterBikeToSchoolDay, #WBTWDSkopje и #WBTSDSkopje.