Во духот на традицијата, денес во Општина Карпош во неколку урбани заедници  беше одбележан верскиот празник Свети Атанасиј-Танасовден. Празникот кој означува и средина на зимата, односно дека се поминати главните студови, граѓаните го одбележуваат со песни и музика и со пригоден ручек.

 

 Во чествувањето на граѓаните од месните заедници Злокуќани и Бардовци им се придружи и празникот им го честиташе и Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев.