Општина Карпош, втора година по ред, се вклучи во одбележувањето на светски познатото движење „Час на планетата Земја“.

Во организација на Секторот за екологија и енергетска ефикасност при локалната самоуправа, во соработка со Црвен крст на Република Македонија и Светскиот фонд за природа, се спроведе акција која е од еколошки карактер. Имено, преку симболично исклучување на осветлувањето во времетраење од еден час, се испрати порака за спас на платената Земја. На плоштадот „Делфина“ во населбата Влае,  беше поставен систем со соларни панели ( 18x135 w=2,4 kw)контролери (3x30A) и инвертор (4,0 kw), и на тој начин се заштеди електрична енергија и се зголеми енергетската ефикасност преку користење на обновливи извори (сончева светлина).