Во духот на солидарноста и хуманоста по повод 41. роденден,  Општина Карпош в понеделник (06.11.2017) ќе спроведе крводарителска акција, која традиционално ја организира со поддршка на Црвениот Крст на Република Македонија,

За таа цел, ќе бидат приспособени два крводарителски пунктови во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ и во просториите на надвозникот „Влајко“, каде хуманите граѓани ќе можат да даруваат крв во периодот од 9 до 17:30 часот.