Почитувани граѓани,

 

Ве известуваме дека Општина Карпош почна со асфалтирањето на три поголеми сервисни улици и тоа улицата Карпошово востание во урбаната заедница Карпош3 , како и улиците Римска и Атинска во урбаната заедница „Владо Тасевски“.

Ве повикуваме доколку имате забелешки околу изведбените работи на улиците благовремено да реагирате и да се обратите на телефоните во Вашата урбана заедница:

УЗ Карпош 3 -Телефон за контакт: 078/486-059

УЗ „Владо Тасевски“-Телефон за контакт: 078/486-927

 

Целосната реконструкција на улиците се очекува да заврши најдоцна до април 2019 година, зависно од временските прилики. 

 

Ви благодариме на соработката и разбирањето.