Почитувани граѓани,

 

Ве известуваме дека на ден 18.10.2018 година (четврток), со почеток од 08:30часот до 11:30 часот, Општина Карпош ќе спроведе акција за чистење на јавните паркинзи на ул. „Анкарска“ и ул. „Багдадска“, во урбаната заедница Владо Тасевски. 

Со цел непречено спроведување на акцијата, Ве информираме дека е потребно да ги отстраните возилата од паркинг просторот. 

Општина Карпош и во претстојниот период ќе продолжи со тековното одржување на хигиената и грижа за животната средина.

 

Ви благодариме на соработката и разбирањето.