Почитувани граѓани,

 Ве известуваме дека на ден 05.10.2018 година (петок), со почеток од 08:30 часот до 11:30 часот, Општина Карпош ќе спроведе акција за чистење на јавните паркинзи на бул. „Партизански одреди” (кај зградите број 143 и 145 ).

 Со цел акцијата непречено да се спроведе, Ве информираме дека е потребно да ги отстраните возилата од паркинг просторите.

 Општина Карпош и во претстојниот период ќе продолжи со тековното одржување на хигиената и грижата за животната средина.

 Ви благодариме на соработката и разбирањето.