Љубителите на добриот звук, вечерва беа сведоци на извонредниот настап на триото „Џентлмен“ (Trio Gentlemen).

Составено од двајца тенори и еден баритон, Дарко Нешовски, Дејан Стоев и Кристијан Антовски, оваа вечер на присутните им обезбедија вистинско уживање во летната ноќ. Со изведба на познатите италијански класични звуци, триото Џентлмен  допреа до срцата на карпошани, кои не ги штедеа своите дланки и даваа громогласни аплаузи. Во втората вечер од  овогодинешното Карпошово Културно лето 2016, беше прикажан и документарен краткометражен филм „Со љубов од Карпош“.