Денеска, комуналните служби  на Општина Карпош, кои се грижат за чистотата и хигиената на територијата на локалната самоуправа, го исчистија просторот околу спортскиот објект  Партизан 4–Наум Наумовски  Борче“, кој се наоѓа во населбата Карпош 4. 

И покрај тоа што  одржувањето на овој јавен  простор, не е во надлежност  на Општината, локалната самоуправа имизлезе во пресрет на барањето на граѓаните, и  со свои екипи и општинска механизација го собраа сметот игрмушките , а ја искосија и нараснатата трева.  Овој простор се наоѓа на фрекфентно место, во централното урбано јадро на Општина Карпош, и истиот, подолг период. е во незавидна состојба, поради нерасчистените имотно-правни односи околу неговата сопственост и беше целосно запуштено.