Општина Карпош Ве известува дека денеска се исцрпени сите средства наменети за субвенција за купување на нови велосипеди и ел. тротинети, која изнесува 600.000 денари со вклучен ДДВ. Со оглед на тоа што се работи на принцип, прв дојден – прв услужен, Ве молиме да не поднесувате барање или пак да аплицирате преку нашата апликација. Добитниците на субвенции, ќе бидат известени по писмен пат во претстојниот период. Ви благодариме на разбирањето.