Општина Карпош ги информира граѓаните, дека денеска, понеделник (24.08.2026)  истекува рокот за поднесување на Образец за пријавување на материјална штета, од силното невреме што го зафати подрачјето на општина Карпош на 21 јули 2026 година.

                Граѓаните коишто досега го поднеле гореспоменатиот Образец во утврдениот рок (вклучително и денешниот ден), а треба да достават одредена дополна на Образецот, тоа можат да го сторат и по денешниот ден, во просториите на општинската зграда, поточно во Архивата на Општина Карпош.