„ИСКУСТВО VS. МЛАДОСТ“ – ОДБОЈКАРСКИ СПЕКТАКЛ СО ХУМАНИТАРНА МИСИЈА
- октомври 22, 2026
- 0
По иницијатива на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и поранешните ученици на ООУ „Иван Горан Ковачиќ“ – Даниела Штерјова, Даница Леонидова, Игор Атанасоски (Гуру Харе), Петар Ренџов (Пепи) и Арсо Јаневски (Раста), по повод патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“, се одржа голем хуманитарен настан исполнет со спорт, музика и позитивна енергија.
Во центарот на настанот беше ревијалниот натпревар „Искуство vs. Младост“, на кој се сретнаа професорките – поранешни македонски репрезентативки и повеќекратни шампионки, и нивните ученички – млади и талентирани одбојкарки.
Најважниот победник беше хуманоста.
Средствата собрани од настанот ќе бидат наменети за обнова на надворешното одбојкарско игралиште во ООУ „Петар Поп Арсов“, со што учениците ќе добијат подобри услови за спорт и активен живот.
Спортот ги поврза генерациите, а хуманоста ги обедини сите!









