Со цел, запознавање со предноста од користење на обновливите извори на енергија, в среда (13 јули), Општина Карпош ќе организира „Информативен ден“  со почеток во 11:00 часот во Кинотеката на Македонија.

На овој начин, стручните лица непосредно ќе ги информираат  граѓаните и другите заинтересирани  чинители, со активностите кои се дел од проектот CoolHeating, како и со резултатите од досегашното залагање на Општина Карпош, како регионален пример за енергетски ефикасна општина.

Имено, локалната самоуправа е учесник во проектот  CoolHeating, кој функционира како успешен модел при создавање на услови и имплементација на мали модуларни системи за централно греење и ладење, базирани на обновливи извори на енергија.