Балетското студио „Ребис“ во соработка со Општина Карпош, веќе шеста година по ред го организираа Интернационалниот натпревар во танц – „Ребис“. На годинешното натпреварување, имаше повеќе од 1000 учесници, поединци и балетски екипи, како и аматери и професионалци од Македонија и Балканот.

Овој целодневен културен настан се одржа во спортскиот центар „Форца“. Учесниците се натпреваруваа во различни танцови стилови во сите возрасни категории и тоа во модерен, класичен и џез балет, етно, хип – хоп, стомачен танц, латино-танци и други стилови.

Целта на овој културен настан е да придонесе за развојот на македонската танцова уметност и притоа талентираните танчери да имаат можност на едно место да ги разменат своите искуства и знаења.