Во тек е изведбата на новиот Спортско – рекреативен центар во Карпош 3, во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“. Овие денови се работи на поставување на монтажните трибини, кои се предвидени на игралиштето за кошарка и фудбал.

 

Заврши асфалтирањето на овие игралишта, по што ќе почне нивното обележување.

 

Исто така, започнаа активностите за изведба и на отворената фитнес зона во рамки на овој центар. Веќе е завршено детското игралиште, а локалната самоуправа засади и нови дрвја во дворот.

.

По барање на рекреативците, ќе бидат поставени 2 кошови, а теренот за кошарка ќе биде направен по сите стандарди. На овој начин, ќе може да се организираат турнири на отворено, летни кампови и школи за млади.

 

Граѓаните од населбата Карпош 3 добиваат зелен и уреден спортски центар, кој ќе овозможи рекреација и спортски содржини за сите граѓани.

 

Општина Карпош продолжува да вложува во планско уредување на јавниот простор. Секоја населба да има свој маалски центар, простор за спорт, рекреација и меѓугенерациски соживот.