Во петокот (26.02.2016) во ООУ „Братство“, учесниците во Проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, одржаа координативна средба. Во работна атмосфера, претставниците од десетте основни училишта во Карпош, делегација од УСАИД и стручните лица од одделението за образование при општина Карпош, ги сумираа резултатите од досегашната заедничка соработка.

 

На состанокот се говореше за динамиката на тековните активности, како и за новите теми на соработка меѓу збратимените училишта. Според проценката на акциските планови на основните училишта, координаторите констатираа дека досегашниот дел од проектот е успешно реализиран. Активностите кои се планирани за в иднина, треба да дадат позитивен импулс за продлабочување на соработката.