Пред основното училиште „Вера Циривири Трена“, во Карпош 2, на улицата „Руѓер Бошковиќ“ веќе функционира интелигентниот лежечки полицаец.

Имено, со надминување на дозволената брзина за движење од 30 километри на час, овој „лежечки полицаец“ се активира и дава сигнал на возачот да ја намали брзината на движење.

Овој интелигентен „лежечки полицаец“ е донација од СТСС-Смарт Трафик Сејфти Систем.

Локалната самоуправа веќе подолго време работи на зголемена безбедност за движење, особено пред воспитно – образовните установи. Подготвени се и проекти за поставување на „лежечки полицајци“ пред училиштата „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“ и  „Димо Хаџи Димов“ и наскоро се очекува нивно поставување. Неодамна, пред главните влезови на сите училишта се поставија и метални бариери, за да се спречи директен излез на децата на улицата, а на голем број од тротоарите беа поставени и заштитни столпчиња.

Со новите сообраќајни решенија за Карпош 4 и Тафатлиџе 1, исто така се придонесува кон зголемување на безбедноста и ограничување на брзината на движење на 30 километри на час.

Ги повикуваме сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација.