Утринава, инспекциските служби на  Карпош, во вонредна контрола на Општината, забалежаа запалена мини депонија на границата меѓу населеното место Бардовци и Ѓорче Петров.

 Несовесни граѓани запалиле  сметлиште каде се фрлало различен отпад, во близината на самата река Лепенец,  во реонот Бардовци и Злокуќани, која инспекциските служби гозатекнале во  пламен. Инспекторите на Карпош веднаш направиле увид на самото место и интервенирале. Притоа  ја повикале најблиската противпожарна служба да интервенира, која излегла на терен. Гаснењето на депонијата е се уште во тек.

 Општина Карпош повторно ги предупредува граѓаните на крајно одговорно однесување во вакви периоди на екстремно високи температури, а секое намерно палење  и предизвикување пожар на депонии или сметлишта ќе биде најстрого санкционирано.