ИНСПЕКЦИЈАТА НА КАРПОШ СПРЕЧИ ПАЛЕЊЕ ДЕПОНИЈА ВО БАРДОВЦИ
- август 22, 2019
- 0
Утринава, инспекциските служби на Карпош, во вонредна контрола на Општината, забалежаа запалена мини депонија на границата меѓу населеното место Бардовци и Ѓорче Петров.
Несовесни граѓани запалиле сметлиште каде се фрлало различен отпад, во близината на самата река Лепенец, во реонот Бардовци и Злокуќани, која инспекциските служби гозатекнале во пламен. Инспекторите на Карпош веднаш направиле увид на самото место и интервенирале. Притоа ја повикале најблиската противпожарна служба да интервенира, која излегла на терен. Гаснењето на депонијата е се уште во тек.
Општина Карпош повторно ги предупредува граѓаните на крајно одговорно однесување во вакви периоди на екстремно високи температури, а секое намерно палење и предизвикување пожар на депонии или сметлишта ќе биде најстрого санкционирано.