Врз основа на официјалните извештаи за квалитетот на амбиенталниот воздух во период од 31.07 до 03.08.2017 год. не се евидентирани надминувања ниту на еден еколошки параметар кои се мерат од автомониторинг станицата лоцирана во ОУ„Петар Поп Арсов”.

Сакаме да Ве информираме дека согласно професионалните и меѓународно утврдени стандарди,  постои посебна методологија за толкување на податоци на дневна основа.

 Воедно Ве информираме дека во текот на изминатите денови се случија два пожари на територија на град Скопје (Општина Ѓорче Петров и Општина Сарај), на локација во Матка и во Орман, кои биле од поголем интензитет и имало ширење на непријатна мирис од запалената шума, кој се почуствува и на територија на Општина Карпош.

Во однос на превентивното делување, во повеќе наврати кога Општина Карпош и стручните служби процениле дека постои можност за деградација на околината (палење на разни видови отпад, бучава и сл), во повеќе наврати се реализирани неколку инспекциски надзори во вечерните часови.

На локацијата кај Воена болница е напавена една таква акција во заедничка координација со МВР и со Центарот за социјални работи, при што е иселена група на граѓани кои собирале и палеле секундарен отпад. Направени се и вонредни инспекцииски надзори на потегот Момин поток, по ул. ,Скупи и Телевизија Канал 5.

Во координација со соседните општини, направена е коордонација и лоцирано е диво сметлиште кое беше опожарено и имаше влијание на амбиенталниот воздух поради кое се почувствува непријатна миризба на чад од запалени гуми, но, сторителите не се пронајдени.

Инспекциските служби на Општината во текот на изминатиов период извршија увид на лице место, долж течението на реката Вардар, од мостот Газела, Канал 5 телевизија со хотелот „Александар Палас“, се до болницата „Систина“ и се утврдени неколку сметлишта. Во координација со ЈП ,,Паркови и зеленило” тие најскоро ќе бидат исчистени и за тоа јавноста ќе биде информирана.

            Инаку, иако Општината располага само со еден овластен инспектор за екологија, направени се контроли на 54 перални и механичерски работилници и над 50 сендвичари и угостителски објекти како потенцијални загадувачи. Во делот на контрола на бучавата направени се 30 мерење и изречени 28 казни. На секое мерење покрај акредитираната фирма за мерење бучава, присуствуваше и нашиот овластен инспектор.

Во текот на денешниот ден нашите инспектори интервенираа кај Момин Поток каде беше запален шут и организирано, заедно со граѓаните тој е изгаснат. Нашите комунални инспектори постојано се во состојба на „пасивни дежурства“, односно 24 часа на повик, а на терен се и во попладневните часови и во сабота и во недела.

  Општината е отворена за соработка за координативна средба за сите грагани и НВО кои што се засегнати за решавање на квалитетот на воздухот, бидејќи сите ние дишиме ист воздух и сме подеднакво засегнати со тоа.

 

 Мерења 

01.08

02.08

03.08