По неколкукратни реакции од страна на жители на Општина Карпош, локалната самоуправа почна со контрола на сите поголеми градилишта на нејзина територијата.

                Станува збор за редовни контроли кои секојдневно ќе ги вршат градежните и комуналните инспектори од Општината на сите поголеми градежни објекти коишто со нивната реализација создаваат проблеми во секојдневната комуникација на граѓаните, било со отежнат сообраќај по коловозите, лош пристап и движење за пешаците, или со создавање прав и шут во непосредна близина на други станбени објекти.

Целта на инспекцискиот надзор  е да се констатира и увиди колку инвеститорите, односно изведувачите на градежните зафати ги почитуваат процедурите и правилата за градба и притоа внимаваат на заштитата на околината околу објектот.