Во Кинотека  на Македонија, денеска, беше презентиран проектот „Осигурување на квалитет низ проектно партнерство на воспитно – образовни установи” кој се реализираше во текот на 2012 и 2013 година.

Пред присутните гости,  во присуство на директорките на градинките „Пролет”, „Распеана Младост”, „Мајски Цвет” и „Орце Николов” кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош, професорите Јелкица и Атанас Николовски  го презентираа метапроектното истражување во овие градинки. 
 
Со овој иновативно – воспитен проект се постигна можноста за поврзување по институционална хоризонтала (меѓу детските градинки), со можност за отвореност и за институционална вертикала (со установи од основното и/или средното образование). Како што истакнаа професорите, во градинката „Орце Николов”, проектот подразбира интерактивна комуникација,  додека во градинката ,, Пролет”,  се применува системот на проектно вмрежување.  
 
Инклузивната воспитно-образованата практика  се применува во  градинката „Мајски Цвет”, додека тематската расправа „Воспитувачот и наставникот во современи услови”, беше проект – тема за обработка во оваа детска установа. Овој мултидимензионален проект спроведен во градинките на територијата на локалната самоуправа овозможува подигнување на воспитно – образовните и згрижувачките капацитети на детските установи во Општина Карпош, со кој најмалите карпошани  се едуцираат и воспитуваат по најсовремени образовни методи.