Наскоро, месечниот магазин „Карпош Урбан“ повторно се враќа во домовите на карпошани.

Во најновиот број на весникот на локалната самоуправа, ќе можете да прочитате интересни содржини, кои ги опфаќаат темите од областа на спортот, образованието, науката, енергетската ефикасност итн. Исто така, во општинскиот гласник ќе можете поопширно да се запознаете со градежните активности кои се одвиваат на територијата на Општина Карпош.